Милевски: Квалификациите за ЕП 2019 започнуваат со натпреварот против Црна Гора

Објавено на 14 Март, 2017 во Вести, До 21 год


Селекторот на македонската репрезентација до 21 година Благоја Милевски по објавувувањето на списокот на повикани фудбалери за контролните натпревари против Црна Гора и Бугарија даде свое видување за играчкиот кадар и очекувањата од двата пријателски дуели.

-За мене како селектор на репрезентацијата до 21 година квалификациите за пласман на ЕП 2019 во Италија започнуваат со натпреварот против Црна Гора. Дуелот против Црна Гора ќе го искористиме како последна проверка на потенцијалот на одредени фудбалери, посебно на оние кои не беа дел од селективните кампови поради објективни причини (повреди, обврска кон клубовите или недоволна минутажа во клубовите). Ова е вистинска шанса за Доријан Бабунски, Бенјамин Демир, Давид Атанаскоски, Никола Кулески, Стефан Јефтовски и Таулант Сефери да ги потврдат своите квалитети и да докажат дека можеме да сметаме на нив и на идните квалификациски пресметки, изјави Милевски.

-За жал не бев во можност да го повикам Калвин Н`Сомбо поради фактот што нема клупски ангажман во моментов, сенадевам дека во блиска иднина ќе го реши својот статус и повторно ќе биде во конкуренција за репрезентативен настап, додаде предводникот на Македонија до 21 година.

Четири дена подоцна против Бугарија ќе настапат играчите што ќе настапат на ЕП во Полска, на кои ќе им се приклучат и неколкумина од А репрезентатацијата.

-На вториот натпревар против Бугарија ќе сметаме на фудбалерите кои го изборија пласманот на ЕП во Полска надополнети со неколкумина од репрезентацијата која ја подготвуваме за следните квалификации. Ова ќе биде можеби и последен тест пред Европското првенство и затоа сите треба максимално сериозно да ја сфатиме задачата и на овој натпревар да одиграме на нивото од квалификациите и да го задржиме односот кон македонскиот дрес нешто што ја краси оваа селекција, истакна Милевски.



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација