Милевски: Ќе мора да дадеме повеќе од реалните можности, тоа е наша должност кон нас и Македонија

Објавено на 15 Март, 2018 во Вести, До 21 год


По објавувањето на списокот со повикани фудбалери, селекторот на Македонија до 21 година Благоја Милевски изјави дека најважно за него е репрезентативците да имаат вистински однос на теренот, нашиот предводник вели дека никогаш победата не е императив за неговата селекција.

„Никогаш сме немале императив да победиме, но важен е односот на терен. Како што најавив сега има промени во однос на претходните собири. Сега имаме четворица дебитанти, Божиновски, Личина, Омар Имери и Милан Ристовски. Повторно во селекцијата се враќа Бенјамин Демир кој игра во одлична форма во Скопје.  Оние што не се повикани, значи дека не го покажале она што треба да го покажат во овој дрес. Имаме квалитетен потенцијал да ја прекинеме низата од три порази. Во изминатите три и пол години не постоело никогаш императив победа во оваа селекција, но условот секогаш бил да се даде на секој натпревар максимум. Така е и сега. Ќе мора да дадеме повеќе од реалните можности, тоа е нашата должност кон нас и Македонија и националниот дрес, истакна Милевски.

Првиот собир ќе биде во понеделник од 11 часот во ТЦЦ „Гранд Плаза“, додека првиот тренинг ќе биде попладневен. Квалификацискиот натпревар со Русија во Скопје се игра на 23. март, додека пет дена подоцна се патува во Австрија. 




   
   
А репрезентација