Милевски и Елмас на прес конференција пред Ерманија

Објавено на 16 Октомври, 2023 во Вести, Вести


Во пресрет на утрешниот контролен натпревар против селекцијата на Ерменија, селекоторот Благоја Милевски и репрезентативецот Елиф Елмас, ги споделија своите очекувања.

Благоја Милевски – селектор на македонската репрезентација:

-За натпреварот против Ерменија ќе им дадеме шанса на фудбалерите кои треба да го потврдат потенцијалот во репрезентацијата. По тешкиот и исцрпувачки меч во Прага, ќе видиме колку фудбалерите чувствуваат физички замор. Нема повредени играчи и пред натпреварот ќе одлучиме кој ќе започне. 

-Контролниот меч против Ерменија, селекција која е квалитетна и одигра одлични квалификации е одлична можност за сите нас да го провериме потенцијалот со кој располагаме.

-Можност ќе добијат сите, но ќе одлучиме за минутажата на фудбалерите. Оваа селекција секогаш оди на победа, така ќе биде и утре против Ерменија.


Елиф Елмас - репрезентативец на Македонија

-Играме пријателски натпревар против добар и квалитетен противник како што е селекцијата на Ерменија. Кога играш за Македонија, очекувањата се големи и секогаш се цели кон победа.

-Ќе излеземе на терен сплотрни и ќе се потрудиме максимално да одиграме добар натпревар во кој се надевам дека ќе излеземе како победници.

-Одигравме одличен меч против Украина, но за жал го изгубивме. Дуелот против Ерменија е важен за нас, затоа одиме да победиме.



   
   
А репрезентација