Милан Ристовски и Агон Елези: Имаме добра енергија

Објавено на 12 Јуни, 2023 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација се подготвува за квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 против Украина на 16. јуни (петок) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. 

Пред почетокот на попладневниот тренинг пред новинарите зборуваа репрезентативците, Милан Ристовски и Агон Елези.

Милан Ристовски: 

- „Атмосферата е одлична, сите сме мотивирани кога сме во националниот дрес, сакаме да направиме нов успех и убеден сум дека заеднички ќе се бориме за тоа. Украина е силна репрезентација со фудбалери кои играат во големи клубови, но ние играме на домашен терен, очекуваме поддршка од публиката и верувам дека можеме да оствариме позитивен резултат“. 

- „Против Украина игравме на Европското првенство, но мислам дека ова ќе биде сосема поинаков натпревар, иако се разбира дека одредени анализи ќе користиме и од тој наш меѓусебен меч. Во оваа фаза од подготовките претежно се базираме на тактички работи, ја враќаме свежината и се надевам дека максимално ќе одговориме на задачите на селекторот“. 

Агон Елези:

- „Енергијата на тренинзите е на високо ниво, иако е крај на сезоната. Сепак, тоа е доказ колку сме мотивирани, колку е здрава и позитивна атмосферата во тимот. Мора да бидеме позитивни и да веруваме. Не очекува исклучително силен натпревар со репрезентација која има нов селектор и веројатно дополнителен импулс за позитивен резултат“. 

- „Морам да кажам дека тренираме одлично, се чувствуваме добро. Сето тоа треба да се пренесе на натпреварот. Свесни сме што не очекува, Украина е квалитетен тим и нема да биде лесно, но ние сме подготвени. Се е можно и ќе дадеме се од себе. Се надеваме на позитивен резултат“




   
   
А репрезентација