Марио Ѓуровски откажа поради повреда, Душко Трајчевски повикан во А репрезентацијата

Објавено на 23 Март, 2015 во Вести, Вести

Македонската А репрезентација вечерва во хотел „Гранд плаза“ во Скопје го има првиот собир во пресред на почетокот на подготовките за натпреварот со Белорусија од квалификациите за Европското првенство 2016 година.

Поради повреда Марио Ѓуровски нема да биде дел од тимот за квалификациската пресметка против белорусите в петок. Неизвесен е и настапот на Аријан Адеми, фудбалерот на Динамо Загреб исто така има повреда, но сеуште не е дефинитивно исклучен од настап за репрезентацијата на пресметката во Скопје. По дополнителните лекарски тестирања, вечерва ќе се потврди дали Адеми може да настапи на натпреварот со Белорусија. Дополнителен проблем за селекторот Ѓуровски е неизвесноста и околу можноста Урош Матиќ да се стави во функција на тимот. ФИФА сеуште го нема доставено потребниот сертификат за да може Матиќ да дебитира за македонската репрезентација. Селекторот Бошко Ѓуровски дополнително го повика Душко Трајчевски од Работнички.

Првиот тренинг македонската репрезентација го има утре во 10.30 на тренинг центарот „Петар Милошевски“.




   
   
А репрезентација