Македонската женска репрезентација утре од 18:00 часот игра против Австрија на Националната арена

Објавено на 07 Ноември, 2019 во Вести, А репрезентација жени

Кирил Изов: Австрија е фаворит, но се надевам ние ќе се бориме до крај

Македонската женска репрезентација в петок против Австрија на Националната Арена "Тодор Проески" ги продолжува квалификациите за Европското првенство. 

Селекторот на Македонија, Кирил Изов вели дека подготовките се одвиваат во најдобар ред и се надева во борба до крај, иако на овој натпревар нашата селекција ќе биде ослабена без капитенката Наташа Андонова и Романа Трајковска.

Веќе неколку денови се подготвуваме во Скопје за претстојниот натпревар против Австија. Нашата репрезентација е ослабена за овој дуел бидејќи не можеме да сметаме на капитенката Наташа Андонова поради повреда, а од истата причина ја немеме ниту Романа Трајковска. Австријките се силна репрезентација, фаворити за победа на утрешниот дуел, но сепак се надевам дека ќе се бориме во текот на сите 90. минути и ќе биде убав фудбалски натпревар на Националната арена“, вели селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кирил Изов. 

Во нашата група лидер е Австрија со 6 бода (два натпревари), Србија има 6 бода (три натпревари), Француска 3 бода (еден натпревар), Македонија 3 бода (три натпревари) и Казахстан без бодови (три натпревари).

Македонија и Австрија играат в петок од 18:00 часот во Националната Арена "Тодор Проески".



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација