Македонската репрезентација до 18 години ќе тестира со Израел на гостински терен

Објавено на 13 Септември, 2019 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 18 години ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Израел до 18 години. Натпреварите се закажани на 4. и 6. октомври на гостински терен. Селекторот на нашата репрезентација, Шкумбин Арслани за двете тест пресметки против Израел ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Кристијан Китановски (Вардар), Иван Николовски (Работнички);

Одбрана: Али Асани (Вардар), Филип Костовски (Њу Старс), Алтрим Јакупи (Шкендија), Александар Ѓурковски (Вардар), Имран Фетаи (Шкендија), Виктор Крстевски (Вардар), Бенјамин Далипи (Х. Драговољац, Хрватска), Анатолиј Петејчук (Вардар);

Среден ред: Димитар Тодоровски (Работнички), Лука Станковски (работнички), Иван Николов (Академија Пандев), Хамза Рамани (Шкупи), редон Ќамили (Шкендија), Леонид Игњатов (Вардар), Луан Абази (Ст. Гален, Швајцарија), Миран Салији (Ст. Гален, Швајцарија);

Напад: Азер Омерагиќ (Вардар), Марио Илиевски (Септември), Методи Максимов (Работнички); 

На претходните контролни натпревари, македонската репрезентација ја совлада Унгарија со 3:0, а славевме и против Словачка со 3:2 на турнирот во Чешка. 



   
   
Актуелности

14.10.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година го одржа последниот тренинг во пресрет на дуелот со Казахстан

Ристовски и Руфати: Не се сомневаме дека тимот повторно ќе го даде најдоброто од себе за нова победа во квалификациите....

Календар
А репрезентација