Македонија во група со Италија, Англија, Украина и Малта за пласман на ЕУРО 2024

Објавено на 09 Октомври, 2022 во Вести, Вести


Македонската репрезентација ги дозна ривалите во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија.

Македонија ќе игра во групата Ц со последните финалисти од Европското првенство 2020, Италија и Англија. Во нашта група е Украина, а од последниот барабан ја добивме селекцијата на Малта.

ГРУПА Ц:  Италија, Англија, Украина, Македонија, Малта

Македонија се надева на втор последователен настап, по оној на ЕУРО 2020. Во претходните квалификации, нашиот тим заврши на третото место и играше во група со репрезентациите на Послка, Австрија, Словенија, Израел и Летонија. 

Предводникот на македонската селекција, Благоја Милевски најави голем фудбалски предизвик за репрезентацијата.

Фудбалски предизвик за сите нас. Ја добивме најтешката можна група. Веројатно и сами да биравме, посилни противници немаше да можевме да избереме. Но, ние веќе се навикнавме на ваква среќа. Ги добивме финалистите од последното Европско првенство и апсолутни фаворити за првите две места во групата. Се разбира дека ќе ја бараме нашата шанса и ќе се обидеме да останеме конкурентни до самиот крај, а објективните околности ќе покажат дали може да се надеваме на висок пласман. Групата е пеколно тешка, а такви ќе бидат и натпреварите. Наше е да веруваме во себе“, изјави Милевски.




   
   
А репрезентација