Македонија во Група Г со Шпанија и Италија во квалификациите за светското првенство во Русија 2018 година

Објавено на 26 Јули, 2015 во Вести, Вести

На вчерашниот ждреб за светското првенство во Русија 2018 година репрезентацијата на Македонија ги доби своите противници од Групата Г: Шпанија, Италија, Албанија, Израел и Лихтенштајн,

На ждребот кој се одржа во Санкт Петерсбург, македонската А репрезентација беше извлечена во една исклучително тешка, но и атрактивна група.

По Евро квалификациите, Македонија повторно ќе се сретне со Шпанија и во разигрувањето за одредување на патниците на светското првенствпо во Русија во 2018 година. Македонската репрезентација во рамки на овие квалификации за прв пат ќе игра со Италија, атрактивен, но и исклучително силен противник,

- Добивме извонредно атрактивни ривали, како Шпанија и Италија, кои сигурно се селекции со огромен рејтинг. Ги имаме и Албанија, Израел и Лихтенштајн за ривали, и од сегашен агол можам да ветам дека Македонија ќе игра храбро и одважно против сите, и ќе се бори да се пласира на што е можно повисоко место на табелата. Стартуваме од петтиот шешир, но сигурно дека ќе сториме се со идните резултати да направиме забележителен напредок и во иднина да се стремиме кон четвртиот, но и третиот шешир. Се надевам дека  со макотрпна работа и со бележење на многу подобри резултати ќе одиме напред. Во моментов сме комплетно фокусирани на преостанатите мечеви од овој циклус за ЕП во Франција - истакна селекторот Друловиќ.


Од страна на УЕФА веќе се одредени и датумите и времето на одигрување на сите натпревари. Нашата репрезентација го има следниот распоред:

5. септември, 2016 г. 20:45ч. Албанија - Македонија

6. октомври, 2016 г. 20:45ч. Македонија - Израел

9. октомври, 2016 г. 20:45ч. Македонија - Италија

12. ноември, 2016 г. 20:45ч. Шпанија - Македонија

24. март, 2017 г. 20:45ч. Лихтенштајн - Македонија

11. јуни, 2017 г. 20:45ч. Македонија - Шпанија

2. септември, 2017 г. 20:45ч. Израел - Македонија

5. септември, 2017 г. 20:45ч. Македонија - Албанија

6. октомври, 2017 г. 20:45ч. Италија - Македонија

9. октомври, 2017 г. 20:45ч. Македонија - Лихтенштајн



   
   
А репрезентација