Македонија тренираше на Стадио Олимпико

Објавено на 05 Октомври, 2017 во Вести, Вести


Репрезентацијата на Македонија денеска предпладне тренираше на Стадио Олимпико во Торино, каде што утре ќе се среќава со Италија во предпоследниот натпревар од квалификациите за Светското Првенство „Русија 2018“. Во одлична, но работна атмосфера репрезентативците ги изработија последните подготовки пред натпреварот со четрикратниот светски првак, а селекторот Ангеловски даде дозвола медиумите да бидат присутни во текот на целиот тренинг.

Попладне од 17:00 часот следува официјалната прес конференција на која ќе присуствуваат селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев.

Италија-Македонија се игра во петок со почеток од 20:45 минути. 




   
   
А репрезентација