Македонија славеше против Естонија со 5-1

Објавено на 05 Јануари, 2015 во Футсал

Македонската А футсал репрезентација денеска убедливо ја совлада репрезентацијата на Естонија со 5:1 на пријателскиот турнир во Тиши Полска.

 Резултатот го отвори Џо Арсовски уште во 4та минута,а за неполни 2 минути постигна уште еден погодок за водство на нашата репрезентација од 2:0. Игор Леовски зголеми на 3:0 во 13та минута.Истиот играч имаше одлична шанса 2 минути подоцна, но не успеа уште еднаш да се запише во листата на стрелците. Во 18 та минута од натпреварот Ферид Агуши од прекин стрелаше силно, но не доволно прецизно за да заминеме со 4 гола разлика на полувремето.

Во второто полувреме уште на почетокот имавме шанса да имаме поубедливо водство откако Александар Глигоров одлично го проигра Адријан Мицевски кој за жал биеше во пречката на противничката екипа. По неколкуте шанси кои ги имавме конечно Мартин Тодоровски во 27та минута стрелаше прецизно за наше водство од 4:0. Само две минути подоцна Зоран Левески имаше одлична шанса, но голманот на Естонија два пати му ги одбрани шутевите на нашиот капитен.  Истиот играч во 36 минута од натпреварот одлично го проигра Адријан Мицевски кој за жал ја погоди стативата, но две минути подоцна стрелаше за наше водство од 5:0 . Единствениот гол за естонците го постигна Маит Антон на една минута пред крајот.

- Најпрво честитки до моите играчи кои ги заслужуваат сите пофалби за прикажаната игра и залагањето на овој натпревар. За разлика од вчера, денес го покажавме вистинското лице и квалитет во натпреварот во кој доминиравме во текот на сите 40 минути. Успеавме да неметнеме наш стил на игра, ги реализиравме сите тактички замисли и во целост го даигравме противникот. Единствено жалам што примивме наивен гол во буквално последните секунди од натпреварот. На овој натпревар не настапија единствено Удовалиев и казнетиот Ранготов. За крај, би кажал дека оваа победа ќе биде поттик повеќе да влеземе максимално мотивирано во последниот натпревар против домаќинот Полска, со надеж за поволен резултат и освојување на првото место на турнирот 4 нации - изјави селекторот Васко Скендеровски.

Утре на програмата е слободен ден на турнирот, а веќе во среда го играме последниот натпревар против домаќинот Полска кој ке одлучува за првото место на турнирот. 




   
   
А репрезентација