Македонија по историски резултат. Со поддршка за репрезентацијата до 21 година донираме за настраданите од поплавите во Скопје

Објавено на 24 Август, 2016 во Билети, Вести, До 21 год

…Македонија, Македонија! ...Сите сме на „Филип Втори“ - со секоја купена влезница донираме за настраданите во Скопје

Од денеска во продажба влезниците за натпреварот Македонија - Северна Ирска од Европските квалификации за репрезентации до 21 година.

По брилијантната атмосфера која ја носеше македонската репрезентација до извонредни резултати против Франција и Украина, надежите на Македонија се радуваат на нов важен квалификациски настап на Националната „Филип Втори“ арена.

Најталентираната македонска селекција со победа на важниот дуел против Северна Ирска ќе биде на чекор до историски пласман во квалификацискиот циклус за ЕП 2017.

Македонската репрезентација на 6. септември со почеток во 18:45 часот ќе го започне натпреварот против Северна Ирска, а за тој дуел Фудбалската федерација на Македонија одреди цена на влезница од 100 денари. 

Приходот од влезниците ќе биде дониран за настраданите од поплавените подрачја во скопскиот регион. Со секоја купена влезница донирате 100 денари за #Skopje и давате поддршка на репрезентцијата на #Makedonija.

Картите може да се купат на штандот на ФФМ во Skopje City Mall, како и на сите продажни места на MkTickets и електронски на следниот линкови:

www.mktickets.mk

www.karti.com.mk

Продажни места на МК Тикетс:

Нептун - Skopje City Mall

Нептун - Градски парк, арена „Филип Втори“

Нептун - Mr. Bricolage

Југотон - ГТЦ 1 кат

Универзална Сала - Скопје

Тобако - МПМ ПРЕС

Тобако Гоги - Драчево

Тобако - Дрводекор

Тобако 2 - Скопјанка

Њу Тобако - Охрид




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација