Објавено на 07 Септември, 2024 во Вести, Вести
Македонската А репрезентација одигра само 1:1 на гостувањето против Фарски Острови од новото издание на Лига на нации.
Енис Барди погоди од пенал, откако домаќините имаа предност по првите 45. минути. Пропуштивме три 100 процентни шанси за победа.
Во првото полувреме, Фарски Острови дојде до предност од 1:0 во 9. минута, откако по сомнителен прекршок на Иљазовски во казнетиот простор судијата досуди пенал. Најстрогата казна ја реализираше капитенот Давидсен.
Нашите фудбалери пропуштија одлична можност резултатски да се вратат во игра, откако во 19. минута Чурлинов не реализира од чиста позиција. Миовски одлично го проигра, а откако со лоб го мина и голманот, Чурлинов потоа шутираше во блокот на еден од домашните дефанзивци.
Во 37. минута од далечина се обиде Митровски, но повторно не ја погодивме мрежата на Фарски Острови.
Во второто полувреме, селекторот Милевски направи две замени на старот. Алиоски и Ќамили влегоа во игра.
На самиот старт од продолжението, Алими изнуди пенал за Македонија. Капитенот Енис Барди беше сигурен реализатор за израмнување на 1:1.
Во 57. минута, домашниот голман Рејнатрод му одбрани нов зицер на Чурлинов. Серафимов шутираше со глава, одбиената топка стигна до Чурлинов кој шутираше од прва, но голманот на Фарски Острови прекрасно интервенираше.
Пет минути подоцна се обиде и Бојан Миовски, но поуспешен повторно беше Рајнатрод.
Во 70. минута нова сто процентна шанса пропушта Македонија. Миовски одлично го проигра Ќамили, но напаѓачот од пет метри шутиташе над голот на Фарски Острови.
Младата репрезентација на Македонија до 21 година и официјално ги започна подготовките за претстојните два квалификациск...