Македонија одигра 1:1 против Азербејџан

Објавено на 27 Март, 2018 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација одигра 1:1 против Азербејџан на контролниот дуел на арената „Мардан“ во Белег, Турција. Македонија ја продолжува серијата натпревари без пораз (седми натпревар), но на попладневниот дуел во Турција пропуштивме многу шанса за победа против Азербејџан. Александар Трајковски го постигна голот за Македонија. 

Во петтата минута судијата досуди сомнителен пенал за Азербејџан по наводен фаул во воздушен дуел на Стефан Ристовски. Ричард Алмеида ја реализираше најстрогата казна за водство на противникот.

Во 13. минута Марјан Радески се обиде по удар со глава да го загрози голот на Азербејџан, но интервенираше голманот Агајев. Во 17. минута обидот на Иван Тричковски беше изблокиран, а во 20. минута пенал за Македонија. Горан Пандев беше фаулиран во шеснаесетникот, тоа го потврди и ВАР системот, а Александар Трајковски беше сигурен реализатор за израмнување на 1:1.  Само три минути подоцна убава шанса за водство на Македонија не искористи повторно Александар Трајковски.

Македонија доминираше во првото полувреме, а следната одлична можност не ја искористивме во 30. минута кога по одлична акција на Пандев и Радески, Тричковски се најде во ситуација, но повторно не погодивме.

Нашиот капитен Горан Пандев во 32. минута се најде во извонредна можност да погоди за предност од 2:1, но прекрасна интервенција запиша голманот на Азербејџан.

Во 37. минута Алсказов имаше прилика за Азербејџан, но интервенираше нашиот Столе Димитриевски. Последната шанса за предност на полувреме ја пропуштивме преку Александар Трајковски.

Во второто полувреме, Азербејџан ја имаше првата одлична можност, но Столе Димитриевски прекрасно го одбрани ударот на Назаров во 58. минута.

Македонија имаше можност за водство од 2:1 преку Александар Трајковски најпрвин од слободен удар, а во 83. минута по асистенција на Несторовски, но Трајковски не беше прецизен. 

До крајот од дуелот за одбележување се двата обиди на Стефан Спировски од далечина, но сигурен беше голманот на Азербејџан. 

Македонија - Азербејџан: 1:1 (1:1)

Пријателски натпревар, „Мардан“ арена, Белек, Турција

Македонија: 1. Столе Димитриевски; 4. Кире Ристевски; 6. Висар Муслиу; 7. Иван Тричковски (59` Илија Несторовски), 9. Александар Трајковски; 10. Горан Пандев (45` Стефан Спировски); 11. Енис Барди (59` Езџан Алиоски); 13. Стефан Ристовски; 14. Дарко Велковски (80` Ѓоко Зајков); 16. Бобан Николов (69` Аријан Адеми); 19 Марјан Радески;

12. Дејан Илиев, 2. Кристијан Тошевски, 3. Ѓоко Зајков, 5. Аријан Адеми, 8. Езџан Алиоски 20. Стефан Спировски 23. Илија Несторовски; Селектор: Игор Ангеловски; 

Азербејџан: 1. Камран Агајев, 2. Гара Гарајев, 5. Максим Медведев, 7. Араз Абдулајев (90` Махмудов), 9. Намик Аласказов (69` Хасијев), 13. Дмитриј Назаров (59` Имамвердијев), 15. Руслан Абишов. 19. Амил, Јунанов (59` Гурбанов), 20. Ричард Алмеида (78` Ејубов), 21. Турал Акундов (76` Мамедов), 24. Урфан Абашов; Селектор; Гурбан Гурбанов; 




   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација