Македонија несреќно поразена од Црна Гора со 2:1 на првиот контролен дуел

Објавено на 16 Март, 2022 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 16 години загуби минимално со 2:1 против Црна Гора на првиот контролен дуел одигран помеѓу овие две селекции на тренинг центарот во Подгорица.

Македонија подобро го отвори натпреварот, одличен слободен удар на Андреј Велков во 13. минута за предност од 1:0. Во првиот дел пропуштивме одлична прилика преку Ислами за зголемување на водството. Бевме подобар противник од Црна Гора и сосема заслужено на полувреме заминавме со минимална предност.

Во продолжението од средбата, домаќинот направи комплетен пресврт, постигна два гола и успеа да слави победа со 2:1. Голот за победа Црна Гора го постигна во последните моменти од мечот, по едно невнимание на нашата одбрана.

Втората контролна средба Македонија против Црна Гора ќе ја одигра утре со почеток од 11. часот.

Македонија: Иван Божиновиќ, Кику Генц, Андреј Велков, Дарко Сековски, Анес Мелиќи, Никола Стојковски, Даниел Коцев, Мартин Јовановиќ, Беби Ислами, Мухамед Елмас, Фљаркон Мемиши;




   
   
А репрезентација