Македонија и Ерменија ја потврдија контролната пресметка во Струмица на 17. октомври

Објавено на 15 Септември, 2023 во Вести, Вести


Фудбалската федерација на Македонија и Фудбалската асоцијација на Ерменија го потврдија контролниот натпревар меѓу А репрезентациите на Македонија и Ерманија. 

Контролната пресметка меѓу двете селекции е закажана за 17. октомври на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица со почеток во 15:00 часот.

Последниот меч против Ерменија го одигравме на 11. ноември 2021 година во квалификаците за СП 2022. Во Ереван, репрезентацијата на Благоја Милевски славеше со убедливи 5:0. 

Македонија и Ерменија досега имаат одиграно вкупно 12 натпревари. Нашата селекција има 5 победи, на три меча немаше победник, Ерменија славеше три пати. Последен пат, противникот се радуваше на триумф во Никозија во меч за првото место во групата од Лига на нации. 






   
   
А репрезентација