Македонија до 21 славеше победа над Албанија во првиот меч од контролниот турнир во Хрватска

Објавено на 23 Септември, 2022 во Вести, До 21 год


Младата репрезентација на Македонија до 21 година забележа победа од 3:1 против соодветната селекција на Албанија во првиот натпревар од силниот меѓународен турнир што се одржува во Свети Мартин на Мура.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски одиграа одличен натпревар, особено во второто полувреме. Марио Илиевски одигра фантастичен меч и беше стрелец на два гола за нашата селекција.

.Во 10. минута со голот на Берат Калкан, Македонија поведе со 1:0. Противникот успеа да се врати во игра и во 31. минута од средбата преку Шпенди успеа да го израмни резултатот. Нашите млади фудбалери преку Марио Илиевски ја имаа најзрелата шанса во првото полувреме.

Во продолжението, Марио Илиевски постигнува погодок во 47. минута, откако претходно беше извонредно проигран од Лука Станковски. Истиот играч во 55. минута, со прекрасен гол од слободен удар ги постави конечните 3:1. Луан Абази  пропушти добра можност за зголемување на предноста на Македонија.

Репрезентацијата на Македонија до 21 година на 26. септември ќе го одигра вториот натпревар на турнирот против селекцијата на Саудиска Арабија.

Македонија: Марко Алчевски, Антониот Јанкуловски, Кристијан Тасевски, Андреј Стојчевски, Мартин Величковиќ Радуловиќ, Алекс Златков, Димитар Тодоорвски, Берат Калкан, Арда Окан Културан, Лука Станковски, Марио Илиевски;

Резерви: Иван Николоски, Хамза Рахмани, Аган Мјаки, Решат Рамадани, Виктор Крстевски, Иван Николов, Ване Крстевски, Методи Максимов, Луан Абази, Леонид Игњатов, Александафр Ангелкоски, Бехар Фета;

Селектор: Драги Канатларовски;



   
   
А репрезентација