Македонија до 21: Одлична игра и победа над Ерменија

Објавено на 02 Јуни, 2022 во Вести, До 21 год

Репрезенацијата на Македонија до 21 година славеше победа со 3:1 над незгодната селекција на Ерменија во рамките на предпоследното коло од групата Х во квалификациите за пласман на ЕП 2023 во Романија и Грузија.

Видовме одлично прво полувреме, со многу борба и отворена игра на двете страни. Ерменија прва поведе, рано уште во 9. минута. Ерик Симонијан одлично го искористи невниманието во нашата одбрана и успеа да погоди со глава за предност на својата селекција. Македонија го засили темпото, напаѓаше и создаваше шанси. Методи Максимов со извонреден гол сосема заслужено го израмни резултатот на 1:1 во 22. минута. Избраниците на селекторот Драги Канатларовски не отстапија од офанзивниот пристап, пропуштивме неколку добри прилики до крајот на првото полувреме. Најдобрата можност ја имаше Лука Станковски, но неговиот удар заврши над голот на гостинскиот голман.

Во второто полувреме падна темпото на игра, противникот ја зацврсти одбраната, не дозволи многу простор за игра. Македонија беше таа што доминираше, имаше посед на топка, напаѓаше цело време, повеќе ја сакаше победата и сосема заслужено успеа да погоди во последните минути од средбата. Упорноста се исплатеше на крај, Марио Илиевски со гол во 85. минута од средбата успеа да ја доведе Македонија во предност од 2:1. Конечните 3:1 ги постави Сефер Емини од пенал во судиското продолжение.

Квалификациски циклус за пласман на ЕП 2023 во Романија и Грузија;

Репрезентации до 21 година;

Група Х;

Македонија - Грузија 3:1 (1:1)

(1:0 Ерик Симонијан 9'; 1:1 Методи Максимов 22'' 2:1 Марио Илиевски 85' 3:1 Сефер Емини 90')

Македонија: Давид Денковски, Адриан Хајдари, Блертон Шеји, Марио Младеновски, Јован Манев, Арби Воша, Сефер Емини, Марко Ѓорѓиевски, Лука Станковски, Флорент Рамадани, Методи Максимов;

Резервни фудбалери: Марко Алчевски, Виктор Крстевски, Луан Абази, Марио Илиевски, Андреј Стојчевски, Димитар Тодоровски, Алекс Златков, Агон Елези, Дашмир Елези;

Селектор: Драги Канатларовски;

Ерменија: Арман Нерсесијан, Володија Самсонијан, Арсен Галстијан, Арман Газиријан, Нарек Агхашаријан, Микајел Мирзојан, Зирајр Шагхојан, Нарек Григоријан (к), Арам Камајанов, Ерик Симонијан, Нарек Алавердијан;

Резервни фудбалери: Лијова Карапетијан, Петрос Манукијан, Геворг Таракчијан, Норајр Никошијан, Карен Налбалдијан, Дарон Гери Искендериан, Ерјаник Габашуријан, Мисак Хакобијан, Армен Ховханишијан;

Селектор: Рафајел Назаријан;



   
   
А репрезентација