Македонија до 21: Контролна пресметка против Летонија: Виктор Крстевски: Атакуваме на победа на утрешниот меч

Објавено на 22 Март, 2023 во Вести, До 21 год


Младата репрезентација на Македонија денеска во попладневните часови, на тренинг центарот на хотелот "Bellis Deluxe Hotel" во Белек ги одработи последните подготовки пред утрешниот контролен дуел против селекцијата на Летонија.

Контролната пресметка протов незгодната селекција на Летонија ќе биде прва од трите предвидени средби во Анталија, Турција во склоп на подготовките за претстојните квалификации што за нас почнуваат во септември.

Одличниот фудбалер од одбраната на нашиот млад национален состав, Виктор Крстевски на утрешниот натпревар очекува офанзивна Македонија која ќе атакува на победа.

" Се наоѓаме во одлична физичка подготвеност. Речиси сите фудбалери се на располаѓање на тренерот. Имавме одлични подготовки во претходните денови, со нетрпение го очекуваме утрешниот дуел против Летонија.

" Тренинзите и контролните мечеви во Анталија ќе ги искоростиме на најдобар можен начин за да се подобриме и корегираме во одредени сегменти од играта, се со цел да бидеме што подобро подготвени и во добра форма за стартот на квалификациите.

" Имаме извонреди услови за работа, владее одлична позитивна енергија помеѓу нас фудбалерите, ги слушаме инструкциите на нашиот селектор, тренираме напорно и одлучно, верувам дека само со ваков пристап можеме да постигнеме нешто големо."

" За утрешниот меч против Летонија очекувам голема борба и пожртвуваност од наша страна. Целта е јасна, а тоа е победа. Сакаме да докажеме уште еднаш дека оваа генерација поседува победнички менталитет."

Покрај мечот со Летонија, нашите млади фудбалери овој контролен период ќе одиграат и против Финска (25 март) и Словачка (28март).




   
   
А репрезентација