Македонија до 21 ќе го одигра квалификацискиот меч против Украина во Кишињев, Молдавија

Објавено на 26 Април, 2022 во Вести, До 21 год


Младата репрезентација на Македонија до 21 година официјално ќе го одигра натпреварот со Украина во Кишињев, Молдавија во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство во Романија и Грузија 2023.

Македонија во јуни ја очекуваат два натпревари од квалификациите за пласман на ЕП. Нa 2. јуни ја пречекуваме селекцијата на Грузија, додека заостанатиот натпревар против Украина на програмата е закажан на 5. јуни.




   
   
А репрезентација