Македонија до 21 година поразена од Украина на Анталија куп во Турција

Објавено на 22 Март, 2019 во Вести, До 21 год


Македонската репрезентација до 21 година е поразена од Украина со 3:1 на првиот натпревар од турнирот „Анталија куп“ во Турција.

Украина рано, уште во 5. минута го отвори резултатот со погодокот на Вантук. Потоа се обидовме да израмниме преку шансите на Трапановски и Абаз, но без посакуваниот ефект. Трапановски ја погоди гредата од голот на противникот, а Абаз од идеална ситуација не беше прецизен.

Во второто полувреме, во кое имаше многу замени во двата состави, Украина преку Семеникон зголеми на 2:0, а на десет минути до крајот се беше јасно откако Топалов реализираше по грешка на нашиот голман за убедливи 3:0. Во 85. минута Марио Крстовски го постигна единствениот гол за нашата репрезентација намалувајќи на 3:1.

Македонија до 21 година: Томас Божиновски, Филип Антовски, Агрон Руфати, Есмин Личина, Милан Ристовски, Јани Атанасов, Емил Абаз, Давор Здравковски, Кристијан Трапановски, Димитар Митровски, Тодор Тодоровски;  Ване Јованов, Филип Трајановски, Ристо Јанков, Бехјан Аметов, Бесард Шабовиќ, Немар Садики, Марко Феруковски, Марио Крстовски, Милош тошевски, Ердон Таци, Даниел Миловановиќ, Даниел Котевски, Кристијан Ацковски, Михаил Маневски;

За нашиот национален тим следуваат натпревари против Летонија (24. март) и Естонија (26. март), а нема да ги одмериме силите со Казакхстан бидејќи се наоѓаме во иста квалификациска група за Европското првенство 2021 година.




   
   
А репрезентација