Македонија до 21 година ја победи Црна Гора на турнирот во Подгорица

Објавено на 19 Ноември, 2018 во Вести, До 21 год


Македонската репрезентација до 21 година го освои првото место на пријателскиот турнир во Подгорица, Црна Гора, во конкуренција на домашната селекција на Црна Гора и репрезентативниот тим на Србија. Трите селекции запишаа по една победа, но Македонија има подобра гол разлика од двата ривали откако денеска славеше против домаќините на турнирот со 2:0. 

Нашата млада репрезентација славеше победа против Црна Гора од 2:0, а на првиот натпревар минимално загуби од Србија со 0:1. Црна Гора ја победи Србија со 1:0 на првиот натпревар. 

Емил Абаз беше стрелец на двата гола за Македонија во победата од 2:0. Водечкиот погодок го постигна во 21. минута, а победата ја потврди со вториот гол во 49. минута. Димитар Митровски асистираше при првиот гол на Абаз. 

МАКЕДОНИЈА до 21 година: Томас Божиновски, Ване Јованов, Милош Тошевски, Агрон Руфати, Есмин Личина, Милан Ристовски, Јани атанасов, Емил Абаз, Давор Здравковски, Марко Феруковски, Димитар Митровски; Играа уште: Андреј Тодоровски, Оливер Стоименовски, Марио Крстовски, Кристијан Трајчески, Даниел Миловановиќ; Селектор: Добринко Илиевски. 



   
   
А репрезентација