МАкедонија до 21 година: Европскиот првак Шпанија запиша победа против нашите надежи

Објавено на 14 Ноември, 2019 во Вести, До 21 год


Репрезентацијата на Македонија до 21 година е поразена на гостувањето против Шпанија со 3:0 во 4. коло од квалификациите за Европското првенство 2021. Нашите надежи го запишаа првиот пораз, по две победи и нерешен резултат. Европскиот првак Шпанија играше дисциплинирано и доминантно и заслужено победи впишувајќи ја четвртата победа во групата.

Гарсија донесе предност во 7. минута по убава соло акција, а на почетокот на второто полувреме Серафимов лошо реагираше и ја затресе нашата мрежа за водство на домаќинот од 2:0. Кога сите чекаа крај, реализираше и Педроса, со еден волеј удар во 87. минута, за конечни 3:0.

И покрај поразот Македонија е во добра ситуација во групата, затоа што дуелот меѓу Израел и Црна Гора заврши без голови (0-0). Шпанија е лидер со 12 бода, втор е Израел со седум, исто колку што имаат и Македонија и Казахстан 

Следниот меч „црвено-жолтите“ го играат на 19 ноември, кај аутсајдерот Фарски Острови. 

Стадион: „Мунисипал де Санто Доминго“ во Алкоркон.
Гледачи: 1500. Судија: Мадс Кристоферсен (Данска)
Ж.картони: Оскар (Ш) – Ацковски, Руфати,Серафимов (М)

ШПАНИЈА до 21 година: Фернандез, Редрадо, Гарсија, Клементе, Педроса, Пепелу, Оскар (46’ – Виљар дел Фрајле), Торес (81’ Гомез), Гарсија (69’ Белтран), Поцо (46’ Фати), Руиз (46’ Мартин);

МАКЕДОНИЈА до 21 година: Јанков, Тодоровски (83’ Јованов), Серафимов, Руфати, Антовски, Ацковски (72’ Абаз), Здравковски (46’ Гроздановски), Атанасов (46’ Фазлагиќ), Митровски, Ристовски (72’ Ѓорѓиевски), Чурлинов;




   
   
А репрезентација