Македонија до 19 поразена од Грузија на првата контролна пресметка помеѓу овие селекции

Објавено на 12 Август, 2023 во Вести, До 19 год


Младата репрезентација на Македонија до 19 години денеска го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Грузија.

Нашите млади фудбалери на тренинг центарот „Петар Милошевски" беа убедливо поразени од противникот со 6:2.

Селекцијата на Грузија максимално ја искористи нашата лоша игра, за на крајот да се радува на убедлива победа. 

Мечот го започнавме многу лошо, без организација во играта и со многу грешки. Противникот успеа тоа да го казни на најдобар можен начин, успевајќи да постигне три гола во воведниот дел и да го реши прашањето на победникот.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски, успеаа во продолжението колку толку да ги консолидираат своите редови, постигнувајќи два гола за намалување на предноста на противникот на 3:2.

До крајот на натпреварот следуваше нов лош пад во играта на Македонија. Нашиот голман уште четири пати ја вадеше топката од сопствената мрежа. На крајот убедливи 6:2 за селекцијата на Грузија.

Младата репрезентација на Македонија има можност за поправен испит. За два дена. овие две селекции помеѓу себе ќе одиграат нов контролен дуел, на истиот терен, со почеток од 17. часот.

Македонија: Анес Мелиќи, Хадис Таири, Лорик Каба Јакупи, Марко Стојилевски, Алекс Митров, Амир Нухија, Теодор Николовски, Димитар Данев, Љупче Џеков, Матеј Митревски, Фикрет Ливорека;

Селектор: Тони Јакимовски;




   
   
А репрезентација