Македонија до 19: Одлична игра и издвојувана победа над домаќинот Полска во првто коло од квалификацискиот турнир

Објавено на 11 Октомври, 2023 во Вести, До 19 год


Младата репрезентација на Македонија на фантастичен начин и победа над домаќинот Полска го стартуваше квалификацискиот турнир за фудбалери до 19 години.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски одиграа одличен меч и успеаа да издвојуваат многу битна победа над домаќинот, селекцијата на Полска во рамките на првото коло од квалификацискиот турнир.

Противникот немаше идеја за нашата добра игра, имаа досуден пенал во своја корист, но не успеаа да го реализираат. На крајот Македонија сосема заслужено славеше триумф од 2:0.

Величковски погоди во 12. минута за предност на Македонија од 1:0. Конечните 2:0 беа дело на Елмас во 70. минута.

Во второто квалификациско коло, кое е на програмата на 14. октомври во 15:30. играме против моќната репрезентација на Германија.

Македонија: Џеков, Стојилевски, Марковски, Џеков, Бамијоко, Зенделовски, Фета, Елмас, Ѓорѓиевски, Величковски;

Селектор: Тони Јакимовски;



   
   
А репрезентација