Македонија до 19 одигра нерешено против Турција на првиот контролен меч

Објавено на 08 Октомври, 2021 во Вести, До 19 год


Младата репрезентација на Македонија до 19 година денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски", го одигра првиот од двата контролни дуели против соодветната селекција на Труција.

Натпреварот заврши нерешено 1:1, а двете селекции одиграа отворен натпревар со многу шанси. Селекцијата на Турција прва дојде до водство. Полат Абау постигна погодок во првите минути од вториот дел за водство од 1:0. Во продолжението, избраниците на селекторот Дашмир Беари притиснаа по голот на противникот. Таквата игра се исплатеше, Македонија во 70. минута израмни на 1:1. Стрелец на голот за нашата репрезентација беше Гуџуфи Ферат.

Вториот контролен меч двете репрезентации ќе го одиграат на 11 октомври со почеток во 13. часот.

Македонија: Стефан Тасев, Љупче Кудев, Давид Грегори, Решат Рамадани, Зуфер Шаини, Бехар Фета, Окрај Ракипи, Ванче Крстевски, Дашмир Елези, Кристијан Тасески, Берат Калкан;

Резерви: Кире Новаков, Гоце Јовчев, Самет Реџепи, Емир Саитоски, Филип Ѓоргоски, Матеј Ангелов, Алтин Весели, Ардијан Чилафи, Мартин Талаков, Борче Гогов, Али Али, Бесар Гуџуфи;;

Селектор: Дашмир Беари;



   
   
А репрезентација