Македонија до 19 и до 17 години ги добија противниците за пласман на ЕП

Објавено на 03 Декември, 2015 во Вести, До 19 год, До 17 год жени


Македонската репрезентација до 17 години е во групата 4 од квалификациите за Европското првенство. Србија, Италија и Албанија се противници на Македонија до 17 години на квалификацискиот турнир кој ќе се одржи во Италија. Финалниот турнир за репрезентации до 17 години ќе се игра во Хрватска во 2017. година.

На извлекувањето во Нион, нашата национална селекција до 19 години за противници во групата 11 ги доби репрезентациите на Полска, Словачка и Северна Ирска. Квалификацискиот турнир ќе го организира федерацијата на Полска. Грузија е домаќин на финалниот турнир за репрезентации до 19 години во 2017. година.




   
   
А репрезентација