Македонија до 19 години во група со Швајцарија, Украина и Летонија за пласман на ЕП 2024

Објавено на 07 Декември, 2023 во Вести, До 19 год


Младата репрезентација на Македонија до 19 години ги доби противниците во Елитната рунда квалификации за Европското првенство кое следната година од 15 до 25 јули ќе се оддржи во Северна Ирска. 

Генерацијата која ја предводи селекторот Тони Јакимовски се наоѓа во групата 7 со селекциите на Швајцарија, Украина и Летонија. 

Елитната рунда квалификации се игра од 18. до 26. март 2024 година. 





   
   
А репрезентација