Македонија до 19 години победи со 3:2 против Кипар на втората контролна пресметка

Објавено на 27 Септември, 2022 во Вести, До 19 год


Младата репрезентација на Македонија до 19 години во еден интересен натпревар, со многу возбудување и пресврти, успеа да забележи минимална победа со 3:2 над соодветната селекција на Кипар во рамките на вториот контролен дуел одигран помеѓу овие две селекции.

Нашите млади фудбалери по првите 26. минути од средбата имаа негатива од два гола, но до крајот на средбата направија комплетен пресврт, постигнаа 3 погодоци и сосема заслужено успеаа да слават победа.

Најпрвин Шабан Зенку во 40. минута успеа да го намали водството на противникот. Со негатива од еден погодок се замина на полувреме.

Во продолжението од мечот, Македонија одигра одлично, создаваше можности и во последните осум минути од средбата успеа да го скрши отпорот на противникот. Во 83. минута Зани Назифи погоди за 2:2. Во 90. минута, Марко Стоилевски погоди за победа и голема радост на Македонија.

Македонија: Стефан Тасев, Максим Милошевски, Давор Серафимов, Ардијан Османи, Суфијан Чајани, Матеј Ангелов, Мартин Горгиевски, Леон Тасов, Дашмир Елези, Шабан Зенку, Михаил Талевски;

Селектор: Неџат Шабани



   
   
А репрезентација