Македонија до 19 години на тест натпревари против Бугарија. Горан Станиќ го одреди списокот со фудбалери

Објавено на 30 Август, 2019 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 19 години на 3. и 5. септември ќе одигра два контролни натпревари на гостински терен против Бугарија. За натпреварите кои ќе бидат претпоследен тест пред квалификацискиот турнир за Елитна УЕФА фаза, селекторот на нашата репрезентација, Горан Станиќ ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Матеј Андов (Вардар), Кристијан Китановски (Вардар);

Одбрана: Георгие Јанкулов (Железничар Панчево, Србија), Ване Тасевски (Пјаченца, Италија), Божидар Митревски (Силекс), Александар Ѓурковски (Вардар), Бојан Димовски (Вардар), Анѓело Николовски (Кит-Го);

Среден ред: Агон елези (Влазрими), Димитар Тодоровски (Работнички), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Рамин Алии (Шкендија), Иван Николов (Академија Пандев), Јетон Даути (Ст. Гален, Швајцарија);

Напад: Методиј Максимов (Работнички), Кире Трпчевски (Хапоел Ришон (Израел), Куштрим Таири (Шкендија), Џемал Ибиши (Вардар), Едис Спахиу (Шкендија), Давид Тошевски (Работнички);

- Двата натпревари против Бугарија се убава можност да направиме увид во формата на фудбалерите после летниот одмор, но исто така и да отстраниме одредени недостатоци кои ги имавме на последните четири тест натпревари против Црна Гора и Израел. Последната проверка за квалификацискиот турнир ќе ја имаме во октомври против Кипар. Се надевам дека сите ја сфаќаме важноста на подготовките и натпреварите во овој период и убеден сум дека максимално ќе се подготвиме за најважните дуели, изјави селекторот Горан Станиќ.

Првиот дуел против Бугарија на 3. септември се игра во 17:00 часот, додека натпреварот на 5. септември започнува во 11:00 часот. 




   
   
А репрезентација