Македонија до 19 години на 26. февруари гостува во Турција

Објавено на 20 Февруари, 2015 во Вести, До 19 год

Македонската репрезентација до 19 години на 26. февруари во Истанбул ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Турција.

Првиот собир нашиот репрезентативен состав го има на 22. февруари во Скопје. Селекторот на македонската репрезентација, Горан Станиќ за натпреварот со Турција прати повик до следните 18-ет фудбалери:

Голмани: Илиќ Филип (ФК Металург Скопје) , Целески Боби (ФК Македонија ЃП);

Одбрана:  Боцевски Слободан (ФК Работнички), Наумоски Иво (ФК Работнички), Дигаловски Дарко (ФК Металург), Кристијан Каранфиловски (Металург), Перчинков Игор (ФК Металург), Стефан Јевтовски (ФК Металург);

Среден ред: Здравковски Давор (ФК Македонија ЃП), Шопоски Сашо (ФК Металург) , Аломеровиќ Дин (ФК Вардар), Валентин Кочовски (Хоризонт Турново), Мартин Мирчевски (Пелистер), Петар Петковски (Вардар), Емил Абаз (Андерлехт, Белгија), Филип Крстевски (Тетекс);

Напад: Селмани Ремзифаик (ФК Ренова), Влатко Стојановски (Металург);




   
   
А репрезентација