Македонија до 19 години ќе одигра контролни натпревари против Израел и Црна Гора

Објавено на 27 Мај, 2019 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 19 години утре, 28. мај и во четвтрок, 30. мај, на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари ќе одигра два контролни натпревари против репрезентацијата до 19 години на Израел.

Нашата селекција до 19 години на 4. и 6. јуни, исто така ќе одигра два пријателски натпревари на стадионот „Борис Трајковски“ против репрезентацијата до 19 години на Црна Гора.

Селекторот на македонската репрезентација до 19 години, Горан Станиќ за натпреварите против Израел и Црна Гора ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Матеј Андов (Вардар), Марко Алчевски (Академија Пандев); Одбрана: Георгие Јанкулов (Железничар Панчево, Србија), Ване Тасевски (Пјаченца, Италија), Божидар Митревски (Вардар), Бојан Миланов (Њу Старс), Бојан Димовски (Вардар), Александар Ѓурковски (Вардар), Анџело Николовски (Брегалница Штип); Среден ред: Агон Елези (Влазрими), Димитар Тодоровски (Работнички), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Рамин Али (Шкендија), Иван Николов (Академија Пандев), Влада Новевски (Војводина, Србија); Напад: Методиј Максимов (Работнички), Кире Трпчевски (Њу Старс), Шуштрим Таири (Шкендија), Давид Тошевски (Работнички), Сухељ Мухарем (Шкупи); 




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација