Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против Романија

Објавено на 30 Август, 2017 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против Романија до 19 години на 31. август и 2. септември на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Селекторот на Македонија, Вујадин Станојковиќ за двете пресметки против Романија ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Христојан Стевковски (Скопје), Благојче Иванов (Металург); Одбрана: Агрон Руфати (Локомотива Загреб, Хрватска), Антонио Митрев (Балзан, Малта), Филип Антовски (Вардар), Тодор Тодоровски (Вардар), Филип Трајановски (Хакен, Шведска), Оливер Стоименовски (Работнички), Михаил Маневски (Академија Пандев); Среден ред: Марко Ферукоски (Офенбах, Германија); Јани Атанасов (Академија Пандев), Енис Фазлагиќ (Шкендија), Стефан Богдановски (Спартак Трнава, Словачка), Дарко Чурлинов (Келн, Германија); Напад: Филип Стојчевски (ВАрдар), Кристијан Трапановски (Славија Прага, Чешка), Марио Станковски (Работнички), Бојан Колевски (Вардар);

Натпреварите против Романија започнуваат во 16:00 часот. Македонија до 19 години се подготвува за квалификацискиот турнир за пласман во УЕФА елитната група квалификации за пласман на ЕП кој го организираме во Скопје, а противници ќе ни бидат Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн. 




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација