Македонија до 19 години ги совлада врсниците од Кипар и на вториот дуел

Објавено на 01 Септември, 2016 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 19 години ја совлада селекцијата на Кипар и на вториот пријателски натпревар на теренот во центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Јани Атанасов беше фудбалерот на одлука со постигнатиот гол во 68. минута.

Првото полувреме мина без вистинска шанса за двата тима. Нашата репрезентација во почетните 15-на минути имаше две полушанси, првата по ударот на Емил Абаз, а веднаш по тоа се обиде со глава Есмин Личина, но не беше прецизен. Македонија во првото полувреме се закани и преку Даниел Миловановиќ, но ниту фудбалерот на Академија Пандев не беше прецизен.

Селекторот Јетон Несими направи четири замени во почетниот состав во однос на првиот дуел кој го добивме со 2:1.

Во второто полувреме најубавиот момент од средбата се случи во 68. минута кога Јани Атанасов го постигна водечкиот гол за Македонија. Милан Ристовски асистираше до Атанасов кој со лоб удар го совлада голманот на Кипар за 1:0.

Десеттина минути пред крајот од натпреварот многу лесно можевме да зголемиме на 2:0, но ударот на Даниел Миловановиќ заврши во стативата од гостинскиот гол. Давор Здравковски прекрасно асистираше до Миловановиќ.

Во 89. минута немавме среќа и по ударот на Дарко Додев. Напаѓачот со прекрасен удар ја погоди пречката од голот на Параскевас.

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДО 19 ГОДИНИ: МАКЕДОНИЈА – КИПАР 1:0 (0:0)

(1:0 Јани Атанасов 68`)

Втор пријателски натпревар, тренинг центар „Петар Милошевски“

МАКЕДОНИЈА: 1. Ристе Јанков, 3. Михаил Маневски (60` Агон Хани), 5. Нехар Садики (51` Антонио Митрев), 6. Есмин Личина, 7. Емил Абаз, 9. Милан Ристовски (78` Марио Крстовски), 10. Давор Здравковски (к), 11. Даниел Миловановиќ, 17. Јани Атанасов, 18. Ване Јованов, 19. Шефит Шефити; Селектор: Јетон Несими 

КИПАР: 12. Антреас Параскевас, 3. Костас Пилеас, 4. Христос Калис, 5. Артиматас Панајотис 6. Мариус Андреу, 7. Стилијанос Каленос, 8. Андреас Неофиту, 9. Михалис Харалампус, 11. Николас Матаиу, 14. Стилијанос Пантели, 17. Сотирис Фиакас. Селектор: Неофитос Ларку

Пред два дена, Македонија славеше на воведната пресметка против Кипар со 2:1.



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација