Македонија до 19 години: Два контролни натпревари против Финска на домашен терен

Објавено на 23 Февруари, 2018 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 19 години на 27. февруари и 01. март ќе одигра два контролни натпревари против репрезентацијата на Финска до 19 години. Селекторот на Македонија, Вујадин Станојковиќ за двата пријателски дуели со Финска ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Христијан Стевковски (Скопје), Благојче Иванов (Силекс);

Одбрана: Агрон Руфати (Локомотива Загреб, Хрватска), Антонио Митрев (Балзан, Малта), Филип Антовски (Вардар), Тодор Тодороски (Вардар), Филип Трајановски (Хакен, Шведска), Оливер Стоименовски (Борец), Кирил Ристовски (Борец);

Среден ред: Филип Стојчевски (Вардар), Марко Ферукоски (Офенбах, Германија), Енис Фазлагиќ (Шкендија), Јани Атанасов (Академија Пандев), Михаил Маневски (Брегалница), Миле Тодоров (Нови Град, Хрватска);

Напад: Кристијан Трапановски (Славија Прага, Чешка), Бојан Миовски (Работнички), Бојан Колевски (Вардар);

За двата натпревари кои ќе се одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, селекторот Станојковиќ нема да смета на Елиф Елмас, Димитар Митровски и Дарко Чурлинов, тројцата поради клупски обврски нема да бидат дел од составот за натпреварите против Финска.

-Два многу значајни натпревари за нашата репрезентација спроти квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство. Финска е исклучително силна репрезентација и мораме да бидеме на вистинско ниво доколку сакаме позитивен резултат. Јасно е дека ќе ни недостасуваат влијателните Елмас, Чурлинов и Митровски, но се надевам дека со силна желба и борбеност останатите ќе го надополнат нивното отсуство, изјави селекторот Станојковиќ.



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација