Македонија до 18 убедливо поразена од Турција

Објавено на 20 Април, 2022 во Вести, До 19 год


Младата репрезентација на Македонија до 18 години беше убедливо поразена од соодветната селекција на Турција во рамките на првиот контролен меч одигран помеѓу овие две селекции.

На тренинг центарот „Петар Милошевски", избраниците на селекторот Неџат Шабани не можеа да одговорат на одличната игра на силниот состав на Турција. Противникот забележа убедлива победа од 4:0.

На овој дуел противникот тотално доминираше и искористи неколку од своите многу создадени шанси

Илкхан рано уште во 5. минута погоди за 1:0. Во 71. минута невнимание во нашата одбрана, афтогол и предност на Турција од 2:0. Во 82. минута Мустава Пинатчи постигна уште еден погодок за убедливи 3:0. Конечните 4:0 беа дело на Бичер во последната минута од дуелот.

Македонија: Васко Василев, Никола Павлевски, Енис Буќи, Матеј Ангелов, Џезаир Авдули, Бесар Гуџуфи, Мартин Ѓоргиевски, Игор Јаневски, Стефан Младеновски, Артан Мемедов, Марио Ричков;




   
   
А репрезентација