Македонија до 18 години славеше против Турција

Објавено на 23 Ноември, 2017 во Вести, До 19 год

Репрезентацијата до 18 години славеше со 1:0 над врсниците од Турција на пријателски меч во Скопје.

Македонската репрезентација до 18 години ја победи Турција до 18 години на вториот контролен натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Стрелец на голот беше Енис Фазлагиќ кој во 64. минута ја погоди мрежата на Турција по центаршут од корнер за нашата репрезентација. Во текот на целиот натпревар нашите млади фудбалери предводени од селекторот Добринко Илиевски ја имаа контролата над играта. Покрај голот во одлични прилики за погодок беа и напаѓачите Колевски и Георгиевски кои не ги искористија.
Турците во првата меѓусебна пресметка славеа со 2:1, откако Македонија не искористи пенал за израмнување. 

Македонија до 18 години: 1. Методија Велковски, 2. Адријан Хајдари, 3. Филип Антовски, 4. Стефан Симоновски, 6. Анес Османоски, 7. Алтин Сефо, 8. Томче Гроздановски, 9. Бојан Колевски, 10. Енис Фазлагиќ, 11. Марко Ѓорѓиевски, 15. Џејми Перчевски; Селектор: Добринко Илиевски; 

12. Давид Денковски, 5. Стефан Наумчески, 13. Борјан Пановски, 14. Марио Наумоски, 16. Енсар Љума, 17. Јакуп Бериша, 18. Лука Трајкоски; 



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација