Македонија до 18: Две контролни средби со Турција

Објавено на 19 Април, 2022 во Вести, До 19 год


Репрезентацијата на Македонија до 18 години ќе одигра два контролни меча против соодветната селекција на Турција.

Двете контролни средби ќе бидат одиграни на 20 и 22. април со почеток од 16. часот, на тренинг центарот „Петар Милошевски" во Скопје.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 18 години, Неџат Шабани се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ: Васко Василев, Наум Ангелов, Стефан Тасев;

ОДБРАНА: Борјан Попоски, Енис Буќи, Никола Павлески, Стефан Младеновски, Марио Ричков, Суфијан Чајани, Давид Љусев;

СРЕДИНА: Идриз Османовиќ, Валдер Керимоски, Игор Јаневски, Марин Ѓорѓиевски, Матеј Ѓоргиев, Џезаир Авдули, Матеј Ангелов;

НАПАД: Артан Мемедов, Бесар Гуџуфи, Димитар Трајковски:



   
   
А репрезентација