Македонија до 17 убедливо со 3:0 поразена од Црна Гора на првата контролна средба

Објавено на 05 Април, 2022 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 17 години денеска беше убедливо поразена од соодветната селекција на Црна Гора во рамките на првиот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции.

На тренинг центарот „Петар Милошевски" во Скопје, нашите млади фудбалери одиграа под очекувањата, лошата игра, особено во одбраната, противникот знаеше како да ја казни. Црна Гора славеше убедлива победа од 3:0. Фудбалерот на Црна Гора, Ненад Кривокапиќ одигра одличен натпревар, на два пати успеа да се запише во листата на стрелци.

По првите 45. минути Македонија се обидуваше да воспостави иницијатива, но противникот одлично беше поставен на теренот. Најубавата прилика избраниците на селекторот Тони Јакимовски ја имаа преку Никола Величковски, но неговиот удар без проблем го одбрани противничкиот голман. Во 28. минута, лоша поставеност на нашата одбрана, Ненад Кривокапиќ се најде во одлична ситуација и успеа да го отвори резултатот.

Во продолжението, црногорците во период од две минути успеаa да постигнат уште два гола во нашата мрежа. Во 59. минута Стефан Радојевиќ погодува за 2:0. Стефан Радуловиќ во 61. минута стрела за конечни 3:0.


Репрезентации до 17 години, контролен дуел во Скопје;

Македонија - Црна Гора 0:3 (0:1)

(0:1 Ненад Кривокапиќ 28'; 0:2 Стефан Радојевиќ 59'0:3 Ненад Кривокапиќ 61')

Македонија: Давид Стојановиќ, Андреј Аризанкоски, Марко Стојилевски, Давид Даиловски, Хадис Таири, Амир Нухија, Мартин Ѓорѓиевски (к), Никола Величковски, Умерфарук Сулејман, Кире Стојанов, Мухамед Елмас;

Резерви: Петар Јакимов, Симеон Здравковски, Матеј Јаневски, Ерион Алији, Тео Николовски, Дестан Адили, Ѓорги Џеков, Фикрет, Костадин Капсаров, Мердијан Русити;

Селектор: Тони Јакимовски;

Црна Гора: Петар Бобичиќ, Алекса Мугоша, Никола Радусиновиќ, Ромарио Цамај, Лука Бубања (к), Страхиња Тешовиќ, Балса Мрсављевиќ, Марко Јукиќ, Ненад Кривокапиќ, Матије Бадњар, Алекса Вујовиќ;

Резерви: Сеид Адровиќ, Матија Делиќ, Божидар Матејиќ, Немања Павичевиќ, Јован Кецојевиќ, Рајко Поповиќ, Марко Врацар, Стефан Радојевиќ, Василије Осмајлиќ, Денис Љуљановиќ, Јанко Вукичевиќ;

Селектор: Слободан Драшковиќ;




   
   
А репрезентација