Македонија до 17 години: Победа од 3:0 против Црна Гора на вториот меч

Објавено на 07 Април, 2022 во Вести, До 17 год


Македонската репрезентација до 17 години славеше со 3:0 против Црна Гора на вториот контролен натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. 

Нашата млада селекција заслужено им се реваншираше на врсниците од Црна Гора за поразот на првиот дуел меѓу двете селекции. 

Капитенот Мартин Ѓорѓиевски во четвртата минута од пенал донесе водство за македонската репрезентација. Хадис Таири во 58. минута ја удвои предноста по центаршут на Ѓорѓевски, а конечните 3:0 ги постави Дестан Адили по еден час игра. 

Нашите фудбалери имаа уште неколку солидни прилики за погодок, но во првото полувреме Ливарека шутираше покрај голот, а во продолжението не беше прецизен ниту Мухамед Елмас. 

Црна Гора со истиот резултат славеше на првиот меѓусебен дуел. 

Македонија: Петар Јакимов, Симеон Здравковски, Марко Стоилевски, Давид Даиловски, Хадис Таири, Теодор Николовски, Дестан Адили, Амир Нухија, Мартин Ѓорѓиевски, Фикрет Ливарека, Кире Стојанов; 

Давид Стојановиќ, Андреј Аризанкоски, Марко Стојилевски, Матеј Јаневски, Ерион Алији, Никола Величковски, Шорги Џеков, Умерфарук Сулејман, Мухамед Елмас, Костадин Капсаров, Мердијан Русити; Селектор: Тони Јакимовски; 





   
   
А репрезентација