Македонија до 17 години одигра нерешено 1:1 против Австрија на втората контролна пресметка

Објавено на 26 Мај, 2022 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 17 години денеска го одигра вториот контролен дуел против соодветната селекција на Австрија на гостински терен.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски одиграа одличен натпревар, имаа предност, но не успеаа да остварат победа. Противникот успеа во последните 10 минути од средбата да постигне погодок од белата точка.

Македонија се закани прва преку Стојанов во 3. минута од средбата. Истиот играч во 22. минута од натпреварот успеа да се закани уште еднаш по голот на австријците. Во 30. минута, Ливарека се најде во одлична позиција, биеше, но неговиот удар успеа да го скроти противничкиот голман. Нова добра можност за нашите фудбалери во 31. минута преку Адили, но голманот на Австрија уште еднаш одлично одбрани. 

Во продолжението од средбата, Македонија продолжи во ист ритам, со отворена игра и желба за победа. Во 47. минута, поништен погодок на Ливарека. Во 54. минута, Ливарека конечно погодува, по одличниот пас од Назифи за предност на Македонија од 1:0

Противникот со гол од пенал во 80. минута ги постави конечните 1:1.

МАКЕДОНИЈА: Петар Јакимов, Абиола Бамијоко, Марко Стојилевски, Кире Стојанов, Мартин Ѓоргиевски (к), Дестан Адили, Андреј Аризанкоски, Касим Јакупи, Ѓорги Дошев, Фикрет Ливарека, Тео Николовски;





   
   
А репрезентација