Македонија до 17 години: Нерешено против Црна Гора на првиот контролен меч

Објавено на 20 Април, 2021 во Вести, До 17 год

Репрезентацијата на Македонија до 17 години одигра нерешено против соодветната селекција на Црна Гора во рамките на првиот контролен натпревар одигран меѓу овие две селекции.

На тренинг центарот „Петар Милошевски” во комплексот „Куќа на фудбалот”, во еден интересен натпревар, со отворена игра и голема пожртвуваност, селекциите на Македонија и Црна Гора одиграа без победник 1:1. Противникот одлично го започна натпреварот, ја искористи несигурноста во нашата одбрана и преку Никола Медојевиќ поведе со 1:0. Во продолжението од првиот дел нашата селекција ги консолидираше своите редови, го притисна противникот и успеа пред крај на полувремето да постигне погодок за израмнување. Стрелец на голот за Македонија беше Мартин Ѓоргиевски во 41’.

Во второто полувреме и двете репрезентации пропуштија по неколку добри прилики за постигнување на погодок, но без реализација. Најубавата прилика за Македонија ја имаше Марко Стојилевски.Во 55’ од средбата, Црна Гора не успеа да реализира удар од белата точка.


МАКЕДОНИЈА : ЦРНА ГОРА 1: 1

(Никола Медојевиќ 14’ ; Мартин Ѓоргиевски 41’ ; )

МАКЕДОНИЈА:1. Стефан Јованоски, 3. Матеј Јаневски, 5. Марко Стојилевски, 6. Амир Беќири, 7. Кире Стојанов, 8. Мартин Ѓоргиевски, 9. Зани Назифи, 10. Азис Јамини, 10. Филип Јовановски, 14. Андреј Аризанкоски, 16. Амир Нухија;

Замени: 12. Самоил Талевски, 2. Мартин Јовановиќ, 4. Анес Мелиќи, 13. Лорик Каба, 15. Хадис Таири, 17. Филип Закоски, 18. Максим Бундалески, 19. Никола Величковски, 20. Сулејман Умерфарук;

Селектор: Тони Јакимовски;

ЦРНА ГОРА: 1. Петар Бобиќиќ, 2. Милош Врацар, 3. Лука Бубања, 4. Цамај Ромарио, 5. Јован Кецојевиќ, 6. Лука Јециќ, 7. Немања Павичевиќ, 8. Страхиња Тешовиќ, 9. Алекса Вукадиновиќ, 10. Никола Медојевиќ, 11. Ненад Кривокапиќ;

Замени: 12. Петар Петровиќ, 13. Јанко Вукичевиќ, 14. Томислав Туровиќ, 15. Стефан Радојевиќ, 16. Никола Радушиновиќ, 17. Андрија Беиќ, 18. Марко Перовиќ;

Селектор: Каваја Радован;

Вториот контролен натпревар против истиот противник, младата репрезентација на Македонија ќе го одигра на 22 април ( четврток ) со почеток од 11 часот.




   
   
А репрезентација