Македонија до 17 години: Фудбалерите кои ќе се борат за пласман на ЕП во Англија

Објавено на 14 Март, 2018 во Вести, До 17 год


Македонската репрезентација до 17 години в недела ги започнува подготовките за Елитната квалификациска рунда за пласман на ЕП во Англија. Селекторот на Македонија, Горан Станиќ за квалификацискиот турнир од 21. до 27. март во Полска ќе смета на следните фудбалери: 

- Турнирот во Полска е голем предизвик за сите нас, но патуваме без притисок и ќе настојуваме да се претставиме во најдобро светло. Доколку ни се укаже можност, секако дека ќе се бориме за историски резултат и пласман на завршницата во Англија. Во составот имаме 21 фудбалер и според мене, а мислењето го дели и стручниот штаб во репрезентацијата, во моментот ова се најподготвените фудбалери. Фаворит за освојување на првото место е домашната Полска, со Р. Ирска лани во септември одигравме двомеч (пораз од 2:0 и 0:0) и мислам дека ќе бидеме во конкуренција за позитивен резултат. Се надевам дека ќе останеме здрави и добро ќе се подготвиме за натпреварите, изјави селекторот Горан Станиќ

Македонија до 17 години првиот натпревар го игра на 21. март против Р. Ирска, на 24. март се соочуваме со Полска, а последниот дуел ќе го одиграме против Грузија. 






   
   
А репрезентација