Македонија до 16 години поразена од Словачка со 3:1 на втората контролна пресметка

Објавено на 09 Мај, 2024 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 16 години, денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски" го одигра вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Словачка.

Избраниците на селекторот Раде Каранфиловски имаа предност од 1:0 по првото полувреме, но на крајот беа поразени со 3:1.

Противникот одиграа одлично второ полувреме, во кое успеа да постигне три погодоци, со што ја издвојуваше втората победа против нашата селекцијата во рамките на двата контролни мечеви .

Единствениот погодок за Македонија беше дело на Александар Грашески.

Во првиот контролен натпревар помеѓу овие две репрезентации, Словачка оствари минимален триумф со 2:1.






   
   
А репрезентација