Македонија до 16 години: Победа со 2:1 против Босна и Херцеговина

Објавено на 29 Март, 2021 во Вести, До 17 год

Младата репрезентација на Македонија славеше победа против селекцијата на Босна и Херцеговина во рамките на вториот натпревар од меѓународниот развоен турнир за фудбалери до 16 години ( генерација 2005 ) што се одржува во нашата земја.

На тренинг центарот „Петар Милошевски", избраниците на селекторот Тони Јакимовски победија со 2:1. Противникот прв го отвори резултатот на средбата, благодарение на погодокот што го постигна Марко Брќич во 16 минута. Во продолжението многу подобра игра на нашата репрезентација, но без реализација во првите 45 минути. 

Во второто полувреме Македонија продолжи со добрата игра. Тоа резултираше со погодок за нашата репрезентација во 54 минута. Стрелец на погодокот беше Зани Назифи. Комплетниот пресврт се случи во 89 минута од мечот, Филип Јовановски погоди за голема радост и победа на нашата селекција.

МАКЕДОНИЈА: 1. Стефан Јовановски, 3. Матеј Јаневски, 5. Марко Стојилевски, 6. Амир Беќири, 7. Кире Стојанов, 8. Мартин Ѓоргиевски, Зани Назифи, 14. Андреј Аризанковски, 16. Амир Нухија, 21. Лорик Каба, 22. Никола Величковски;

БОСНА ХЕРЦЕГОВИНА: 12. Тарик Кариќ, 3. Али Пашиќ, 4. Саво Сушиќ, 5. Салих Хаџиќ, 6. Бакир Нурковиќ, 10. Анте Брусина, 11. Ведар Јакуповиќ, 13. Ферид Шербечиќ, 14. Лука Тустоња;



   
   
А репрезентација