Македонија до 16 години ќе одигра два контролни натпревари против Австрија

Објавено на 15 Март, 2024 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 16 години во следниот период ја очекуваат два контролни натпревари против соодветната селекција на Австрија.

Контролните средби ќе бидат одиграни на 20 и 23 март во Бад Тацмансдорф, Австрија.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 16 години, Раде Каранфилоски за овие дуели се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Антониј Трајковски   Работнички

Александар Трајков   А.П. Брера

ОДБРАНА:

Мартин Талевски   Олимпија

Мартин Џангаровски   А.П. Брера

Ристе Стоилов   А.П. Брера

Матео Кесиќ   А.п. Брера

Лука Варошаноски  А.П. Брера

Дени Османовски   Малме, Шведска

Оливер Марковски   Хелсинборг, Шведска

Бленди Ганиу, Шкупи

СРЕДЕН РЕД:

Лорен Џаку   Воска

Давид Ангелевски   Пелистер

Блерон Бајрами   Вардар

Александар Грашески   Њу Старс

Душан Бојовиќ Заев   Вардар

Габриел Талески   А.П. Брера

Ненад Дамјановски   Домжале, Словенија

НАПАД:

Флорент Османи   Шкендија

Дамјан Буцевски   Вардар

Стефан Бранковски   Марибор, Словенија

Матеј Сејменов   А.П. Брера

Петар Крстевски   Виенер Спорт, Австрија



   
   
А репрезентација