Македонија до 16 години го освои првото место на развојниот турнир на УЕФА во Скопје

Објавено на 26 Март, 2019 во Вести, До 17 год


Македонската репрезентација до 16 години го освои првото место на развојниот турнир на УЕФА кој го организиравме во Скопје. Нашата репрезентација во конкуренција на Грузија, Азербејџан и Саудиска Арабија оствари максимални три победи. Селекцијата предводена од Горан Станковски последниот триумф од турнирот го запиша денеска во пресметката против Азербејџан со 2:1. Претходно, славевме против Саудиска Арабија (2:0) и против Грузија (2:0).

На последниот натпревар против Азербејџан, нашата селекција обезбеди водство од 2:0 веќе до полувреме, во 3. минута Дашмир Елези погоди за водство, а предноста ја удвои Рамис Беровиќ во 43. минута. Во второто полувреме пропуштивме две прилики преку Бехар Фета и Георг Стојановски.

Македонија до 16 години: Душан Герасимовски, Љавдрим Ибрахими, Филип Ѓорговски, Гордијан Христовски, Стојан Георгиев, Салих Муслиоски, Христијан Георгиевски, Емир Саитовски, Васко Глигоров, Рамиз Беровиќ, Дашмир Елези; Стефан Митрев, Борче Гогов, Абдулах Хасани, Грегори Давков, Октај Ракипи, Дарко Стојановски, Бехар Фета, Мартин Талаков, Георг Стојановски;

-Самиот резутат зборува за нашиот настап на турнирот, презадоволен сум од нашето издание и од фудбалерите. Покажаа одговорност и дисциплина во играта. Противниците воопшто не беа наивни и мора да продолжиме во оваа насока. Генерално ја добивме нашата слика и за квалификацискиот турнир за Елитна фаза, иако имаме доволно време за мали промени и дополнување на составот, иако костурот на репрезентацијата веројатно веќе го имаме. Овие фудбалери покажаа дека знаат и умеат и јас се надевам дека во следниот период само дополнително ќе напредуваме, изјави селекторот на Македонија, Горан Станковски. 




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација