Македонија до 15 славеше победа од 3:1 над Кипар

Објавено на 03 Мај, 2022 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 15 години во еден одличен натпревар успеа да слави заслужена победа против соодветната селекција на Кипар во рамките на контролниот натпревар одигран помеѓу овие две репрезентации.

На стадионот во Младост, Струмица, избраниците на селекторот Драган Начевски одиграа одличен меч, издвојувајќи победа со 3:1.

Македонија уште на самиот старт од мечот решително тргна во офанзива и во 3. минута Лука Макаловски погоди за предност од 1:0. Три минути подоцна пропуштена одлична можност за зголемување на предноста. Во 12. минута, нова добра шанса, Беркај Шаини во одлична ситуација, еден на еден со противничкиот голман не успеа да погоди. Во 23. минута од натпреварот, пенал за нашите млади фудбалери. Горазд Ристовски е сигурен од белата точка, водство на Македонија со 2:0.

Во продолжението од средбата, Македонија продолжи со доминантната игра. Во 65. минута погодок за предност од 3:0. Беркај Шаини беше стрелец на третиот погодок за Македонија. До крајот на средбата, селекцијата на Кипар успеа само да го намали резултатот на 3:1.

Македонија: Давид Илоски, Горазд Ристовски, Лука Атанасовски, Милош Спасовски, Хисар Али, Марко Киш, Лука Макаловски, Александар Грашевски, Беркај Шаини, Златко Радевски, Каменчо Андоновски:

Селектор: Драган Начевски;



   
   
А репрезентација