Македонија до 15 поразена од Словачка со 2:0

Објавено на 07 Април, 2022 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 15 години загуби со 2:0 oд Словачка на вториот контролен дуел одигран помеѓу овие две селекции.

На стадионот во Сенец, Македонија не успеа да одговори на добрата игра и поставеност на противникот, Словачка повторно успеа да издвојува победа. 

Првата можност на средбата ја имаше селекцијата на Словачка, која наметна игра уште на стартот на средбата. Во 20. минута, противникот поведе со 1:0.

Во продолжението од мечот, Македонија одигра нешто поконкретно, но без ефект. Најубавата шанса Македонија ја имаше преку Стефан Младеновски во 52. минута. Две минути подоцна, Словачка погодува за предност од 2:0. До крајот на натпреварот, противникот имаше можност да го зголеми водството, , но не искористи одлична прилика во 63. минута од мечот.

Македонија: Окан Ракипи, Лука Атанасовски, Милош Спасовски, Стефан Младеновски, Александар Грашевски, Беркај Шаини, Онур Бесир, Игли Хасани, Здравко Петрески, Бобан Кузмановски, Каменчо Андоновски;



   
   
А репрезентација