Македонија до 15 поразена од Хрватска на првиот контролен меч

Објавено на 12 Март, 2024 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 15 години беше поразена од соодветната селекција на Хрватска со 4:0 во рамките на првиот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции во Велика Горица.

Најдобрата прилика Македонија во првото полувреме ја имаше преку Папалински, кој се најде во добра позиција, биеше со глава, но неговиот удар беше непрецизен. Во 21. минута од средбата имаше недосуден пенал за нас, кога еден од противничките играчи играше со рака во својот шеснаесетник. Диего Саина во 29. минута ја донесе репрезентацијата на Хрватска во предност. Три минути подоцна Матеј Хлавати погоди за 2:0.

Во продолжението од средбата, Македонија најсериозно се закани преку Атанасов во 70. минута, неговиот удар со глава успеа да го скроти противничкиот голман. Една минута подоцна Хрватска ја зголеми предноста на убедливи 3:0. Ловро Микулчиќ го постигна третиот погодок. Конечните 4:0 ги постави Јона Бенкотиќ во 85. минута од мечот.

На 14. март, со почеток во 11. часот е закажан вториот контролен натпревар помеѓу овие две репрезентации.


Прв контролен натпревар, Велика Горица;

Репрезентации до 15 години;

Хрватска - Македонија   4:0 (2:0)

Стрелци: 1:0 Диего Саина (29'); 2:0 Матеј Хлавати (32'); 3:0 Ловро Микулчиќ (71'); 4:0 Јона Бенкотиќ (85');

МАКЕДОНИЈА: Даријан Денковски, Михаил Митрески, Мартин Џангаровски (к), Матеја Масев, Стефан Јорданоски, Јаков Стојковски, Андреј Цветковски, Сонер Ракипи, Лука Георгиоски, Давид Лиотоски, Васко Папалиски;

Резерви: Антонио Атанасов, Бленди Љачка, Фадиљ Исламовиќ, Ринор Цека, Јане Симоновски, Матеј Петков, Ердин Мамути, Мартин Атанасовски, Бојан Митушковски, Аријан Џафери, Сеит Руфати, Лука Грчевски, Марко Божиноски;

Селектор: Драган Начевски;




   
   
А репрезентација